Скопје, 31 октомври 2021 (МИА) – Излезноста на гласачите на вториот круг од Локалните избори во 44-те општини каде што се избираат градоначалници до 17 часот е 42,85 отсто. Податокот е од обранотени 83, 29 отсто од избирачките места или 2044.
По општини најголема излезност има во Вевчани 75, 6 отсто, Конче 73, 15, Ранковце 71, 02. Над 60 отсто имаат Пробиштип, Пехчево, Дебар Македонски Брод, Демир Хисар, Лозово и Демир Капија.
Најмала е излезноста во Сарај 23, 41 Шуто Оризари 28, 48 и Боговиње 30, 23 отсто.
Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференцијата во ДИК соопшти дека на ниво на Град Скопје од 89, 93 отсто обработени избирачки места односно 616, на гласање излегле 39, 99 отсто од гласачите.
Гугучевска ја соопшти и излезноста во некои од скопските општини – Аеродром 42.37 отсто, во Бутел 36.65 отсто, Гази Баба 38.18 отсто, Ѓорче Петров 40.75 отсто, Карпош 47.05 отсто и Шуто Оризари 28.48 отсто.
До ДИК пристигнале 433 приговори за лично избирачко право од кои 378 се прифатени 34 се одбиени и 21 запишани во Избирачкиот список.
Гугучевска соопшти дека до ДИК нема пријава за инциденти.
Освен на тие девет избирачки места за кои беше известено претпладнето и каде се надминати проблемот, до 17 часот нема пријавено други проблеми на избирачките места.
Наредната прес-конференција во ДИК е во 19 часот.