Од компанијата Mozilla, соопштија дека разработувањето на верзијата на прелистувачот Firefox за новиот tile-базиран интерфејс на оперативниот систем Windows 8 оди побавно од планираното. Пораки таа причина пуштањето на завршената верзија се одложува.
Порано Mozilla имаше намера да го пушти овој прелистувач на 10-ти декември оваа година. Сега овој рок е преместен за крајот на Јануари 2014 година. Целта е да се соберат мислења од корисниците и да се идентифицираат и поправат последните грешки. На база на таа информација програмерите треба да ја подобрат програмта и да ја пакетираат во финална верзија.
Треба да се отбележи дека ова не е првото одложување на претставувањето на верзијата Firefox за новиот Windows 8 интерфејс. Во почетокот овој настан беше планиран за Јануари 2013 година, но тоа не се случи и во Мај програмерите соопштија дека програмата ќе излезе меѓу 2 октомври 2013 година и 20ти март 2014 година со крајна дата ноември 2014 година. Потоа датата се премести за 10ти декември 2013 година, за на крајот да се премести повторно за јануари 2014 година.
Интересно е дали до тогаш нема да се појави нова крајна дата.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk