Изјава на денот: Не може некој да биде пратеник 4 години, а после да брка по контејнери

„Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери“, рекол претседателот на Собранието – Талат Џафери, во дускусија со новинарите на тема иницијативата за закон за пратенички привилегии, пренесува „Макфакс“.

Џафери не негира дека постои иницијативата, но вели дека не може да ја коментира додека не го види текстот на законот. Таков, засега, не добил.

Што се однесува до самата идеја за иницијативата, Џафери коментира: „Идеја како идеја може да постои, може да ја даде било кој пратеник“, додавајќи дека и во другите земји низ светот има невработени, социјалци, бездомници, „но сите проблеми се уредуваат со закон“.

Дали Џафери мисли на проблемот со сиромаштија меѓу пратениците или на нешто друго, или можеби алудира дека пратениците со вештините што ги поседуваат не можат да заработат за леб, па затоа мораат да цицаат (од државна ци*цка, се разбира) – можеме само да шпекулираме.

Повеќе од неговиот брифинг за новинарите – на Макфакс.

- Реклама -