Српскиот X Factor е се само не здодевен.
По аудициите на кои се претставија бројни таленти, сега преминуваат на понатамошните фази на натпреварувањето, а се појавија и првите конфликти меѓу некои членови на жирито.
Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач од самиот почеток на шоуто имаат несогласувања. Но, Жељко овој пат преку социјалните мрежи одговори на Кристина на коментарот кога го прашала натпреварувачот Даниел Кајмакоски, чиј ментор стана толкму Жељко.
Потсетуваме, коментарот на Жељко ја испровоцира Кристина која на Кајмакоси му ја напишала на Твитер следната порака: „Да знаеш, драг Даниел, тоа што ти е ментор Жељко не го менува моето мислење за тебе и не значи дека тебе ќе те критикувам од сега па натаму. Сакам од него да биде свесен каде се греши со тебе, затоа што се тебе не треба да се прават грешки! Бакнеж од К.“
„Жената го напишала ова и остана жива… Па, дали е возможно да се обрати на публиката со реченица која во превод значи- драги Даниел, каде и да заглавиш, макар и кај оној, јас ќе ги држам работите под контрола и ќе го критизирам оној неукиот, за случајно да не погреши во работата со тебе… Јас можам да му посакам на Даниел и на сите кандидати во мојата група, кариера слична на мојата и било кои личности со кои сум работел, а Кристина Ковач, да ја гледа својата работа и својата група натпреварувачи, за да не се случи нивните кариери да траат колку групата „Петти елемент“. Поздрав на сите од В.Британија“, напишал Жељко на Фејсбук и на Твитер профилите.
Но, и тој доби одговор од својата колешка.
„Драг Жељко, морам да признаам дека сум непријатно изненадена од тонот на вашите „препораки“. Обраќањето на својот кандидат како еден од моите фаворити, јас уште еднаш, а и во целиот свет во препознатливиот дух на комуникацијата во „X Factor“, низ бенингно колегијално буцкање одамна ги нагласив на сите различноста на нашите вкусови, пристапот на музиката и системот на вредности. Вие, од друга страна, во препознатливиот дух на српските таблоиди, се обиде да го дискредитираш мојот талент, знаење и професионелниот кредибилитет. Знаеш, успехот не се мери само со бројки. Во спротивно би можеле помалкуте талентирани од тебе или мене да бидат судии и ментори на X factor Adria. Мерата за успехот е и храброста искрено се бориш за она што веруваш. Успехот е и истрајноста да, и покрај се, останеш доследен на себе, својот и различниот. И секој обид да ги промениш работите на подобро, дури и да биде неуспешно, успех е. Тоа е систем на вредности кои ги застапувам и се обидувам да ги пренесам на сите овие млади таленти на кои имаме привилегија да бидеме ментори. И навистина ми е жал што не го делиш моето мислење. Топло поздрав од Србија, Кристина Ковач.“