Пожар избувна во зграда на улицата „Широк дол“ во Штип. Според командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев, опожарени се два стана во зградата. Известувачот на МИА беше на лице место кога се евакуираа станарите од станбената зграда.
Пожарникарите со маски и боци со кислород ги извлекуваа станарите од зградите. Коцев вели дека пожарот е изгаснат, а дојавата е од страна на станарите во 18.35 часот. На терен се излезени 16 пожарникари со четри возила на ТППЕ-Штип.
Станарите велат дека глетката била срашна, а пожарот избувнал во стан, во којшто немало струја. Според нејзините соседи ова не е првпат да се пали овој стан, се сомневаат дека пожарот настанал од запалена свеќа.
Според надлежните од Итната медицинска помош во пожарот полесно се повредени две лица, на кои медицинскиот тим им даде и кислородона поддршка. Полицијата е самото место, по што ќе следи увидот и утврдување на причините за пожарот.
Извор/Фото/Видео: МИА