Малите и необични домови се чини како во последно време да прераснаа во глобален тренд, па секојдневно наидуваме на нови и несекојдневни живеалишта кои се разликуваат од останатите. Ваков е и случајот со овој навидум обичен, стар вагон, за кој никогаш не би погодиле како изгледа во внатрешноста. Тимот на „Izaak Walton Inn & Resort“ се погрижи за неговата целосна реставрација.