Кодак претстави нова апликација која ќе ви помогне да го подобрите менаџирањето на вашата врска. Апликацијата ќе ги зачува вашите скапоцени спомени од местата кои сте ги посетиле и луѓето со кои сте ги споделиле, без лицето со кое штотуку раскинавте. Апликацијата е наречена Relationshiffft.
Оваа уникатна технологија ќе ви овозможи целосно да го отстраните поранешниот партнер од сите фотографии и видеа со само еден допир. Софтверот за препознавања лица може да го препознае секого во сите ваши фотографии и видеа.
Но, сензорите целосно ги анализираат фотографиите, вклучително и позадината, па откако некој ќе биде отстранет од фотографијата, позадината ќе биде пополнета по што вас ви останува совршена фотографија.
Но, Кодак најави и дека ја развива 2.0 верзијата. Новата верзија е наречана APP “Automated Person PLUS”. Што значи ако некогаш ја обновите својата врска, Кодак ќе ви помогне. Сите ваши фотографии ќе бидат вратени во нивната оригинална состојба, дури и ќе можете да додате тотално нова личност. [Relationshiffft – Automated Person Purge from Kodak]