Скопје, 14.07.2023 – Заврши конкурсот за избор на идејно решение за соларен полнач и паркинг за велосипеди, кој што беше организиран од компанијата ОКТА во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ). Тимот составен од Ивана Попоска од Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје и Елена Новеска од Архитектонскиот факултет – Скопје, е победник на овој конкурс и истиот ќе биде награден со 62.000 денари од страна на компанијата. Наградениот проектот беше еден од вкупно 11-те пристигнати идејни решенија во чија изработката беа вклучени вкупно 30 студенти од техничките факултети при УКИМ.
Победничкото идејно решение претставува иновативна комбинација од паркиралиште за велосипеди, фотоволтаичен систем за полнење на електрични велосипеди, тротинети и останати електронски уреди, како и простор за одмор и релаксација. Средствата за целосна реализација на овој проект кој што ќе биде изграден на соодветна локација во рамки на кампусот на УКИМ се донација од ОКТА, по повод одбележувањето на 45-годишниот јубилеј на компанијата.
„Бројот на пријавени тимови и доставени идејни решенија ни потврдуваат дека со овој проект успеавме да ја поттикнеме креативноста на голем број млади стручни луѓе во изнаоѓањето современи решенија кои го унапредуваат квалитетот на урбаното живеење и кои се одржливи, бидејќи го истакнуваат значењето на енергијата од обновливи извори. Истовремено, овој проект е продолжение на стратешката определба на компанијата за инвестирање во одржлив развој и енергетска трансформација, но и потврда на нашите континуирани општествено одговорни активности насочени кон подигнување на јавната и индивидуалната свест за безбедност во сообраќајот“, изјави Марија Ставрева, Менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА АД – Скопје.
Оваа активност за изградба на соларен полнач и паркинг за велосипеди и електрични тротинети, компанијата ОКТА ја реализира во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
„Посветеноста на студентите при реализацијата на проектите кои што беа доставени во рамките на овој конкурс е уште еден показател за апликативно знаење и тимска работа кои ги поседуваат студентите на техничките факултети во состав на најголемиот универзитет во нашата земја, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот овој проект, кој во себе содржи и значајна општествено-одговорна компонента, претставува одличен пример за успешна соработка помеѓу академската и бизнис заедницата, што треба да го следат и останатите чинители во општеството“, истакна професор д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера при УКИМ.
Ова е само една од предвидените донации по повод 45-годишнината на ОКТА која што е во согласност со процесот на трансформација на компанијата кон зелена енергија и претставува дополнување на повеќегодишната општествено одговорната платформа на ОКТА, #ЈасВнимавам, наменета за јакнење на свесноста за поголема лична и колективна безбедност во сообраќајот.
* Комерцијален текст