Околу 19 часот од оџакот на Систинската капела се издигна бел чад кој означува дека е избран нов папа. Нешто по 20 часот, беше објавено и името на новиот папа – 266 по ред.
Со зборовите „Habermus papam“ (Имаме Папа) се соопшти името на новиот папа – кардиналот Хорхе Марио Берголио од Аргентина кој го избра името Франсис први, првиот папа во последните 1300 години што не доаѓа од Европа. Името на новиот папа беше објавено од страна на кардиналот протоѓакон, францускиот кардинал Жан Луис Тауран.