„Тажна љубов, среќна песна“ , со која што Тамара Тодевска се претстави на Макфест е прогласена за апсолутен радиски хит на седмото издание на македонскиот радиски фестивал МАРС.
Тамара доби и парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година за свој солистички концерт.
Публиката гласаше за „Мандарина“ на Влатко Лозановски, што му донесе 30.000 денари и исто така бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година за свој солистички концерт.
Наградата за „Најдобар текст на песна“ ја освои Игор Џамбазов, како автор за „Тажна љубов, среќна песна“, а паричната награда е 10.000 денари.
Најдобар радиски хит од машки вокал доби пејачот Димитар Андоновски за песната „Само тоа го можеш ти“, а Сара Мејс доби награда за најдобар хит од женски изведувач за песната „Врне, врне“.
Даниел Кајмакоски доби специјална награда за „Идол на нацијата“.
Фото: Телеграф