Навивачки хаос ги одбележа синоќешните два натпревари од Групата А во лигата на шампионите. Двајца навивачи на ПСЖ се избодени со ножеви во навивачките нереди во Порто во пресрет на меѓусебниот натпревар, а и двајцата во моментов се животно загрозени.
Но, Французите не настрадале во тепачка со навивачи на Порто, туку наводно во судир на две фракции на навивачи на клубот од Париз.
Според извештаите на португалската полиција во судирите настрадале седум лица од кои двете потешко повредени. До нереди дошло во центарот на Порто, а во физичките пресметки се користени ножеви, палки и метални шипки. Притоа забележани се и неколку помали инциденти меѓу португалски и француски навивачи. Клубот од Париз е познат по своите екстремни навивачи.
Во Киев, пак, пред натпреварот меѓу домашниот Динамо и загрепскиот Динамо, забележана е жестока пресметка меѓу навивачите на двата клуба во метрото во центарот на градот. Сепак, во овој случај полицијата далеку побрзо реагирала, па спречила инцидентите да се рашират низ Киев. Притоа притворени се вкупно 30 навивачи од двете страни.