AVG Technologies спроведе истражување за тоа кои апликации и како влијаат на работниот век на батеријата, но и на брзината, употребата на просторниот капацитет и протокот на податоци на вашиот мобилен уред.
Анализата е спроведена врз податоците што AVG ги собира преку својата сопствена апликација, која е инсталирана на повеќе од милион Android уреди. Според извештајот, апликацијата која е „најгладна“ и „јаде“ најголем дел од батеријата е Фејсбук. Секогаш работи во позадина, ја следи активноста на мрежата, праќа обавестувања итн. На листата на 10-те апликации што најмногу ви го истоштуваат смартфонот се и:
- Spotify Music
- Path
- Amazon Android
- Samsung WatchOn
- BBM
- Line
- 8 Ball Pool
- Daily Mail Online
Исто така, AVG им препорачува на корисниците да не инсталираат и да не користат апликации кои наводно ги зголемуваат општите перформанси на уредот. Овие типови на апликации, како на пример Clean Master, дополнително ја оптоваруваат батеријата, но влијаат и на останатите аспекти од работата на телефонот, како брзината на работа, протокот на податоци и ефикасноста на складирачките капацитети.