ИВЗ со писмо до Владата: Полицискиот час ќе ги иpитира верниците и ќе ја изгубите нивната доверба пред избopи

Во писмо до Владата, Главниот координативен кризен штаб и Комисијата за заразни болести, испратено на 18 мај, а потпишано од Реисот Сулејман Реџепи, Исламската верска заедница (ИВЗ) предупредува дека најавениот полициски час за време на празникот Рамазан Бајрам ќе ги иpитира верниците од исламска вероисповед бидејќи, како што велат, „цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, што автоматски ова се подразбира дека ова намерно се прави за да не се дозволи обавување на намазот на Фитер Бајрам кој се обавува еднаш годишно“.

Во писмото се истакнува дека ИВЗ, поради пандемијата, се откажала од организирањето на традиционалната централна манифестација по повод Фитер Бајрам, но дека нема на свој грб да ја преземе одговорноста за откажување на обавувањето на намазот на Фитер Бајрам во џамија.

Доколку компетентните opгани и институции не покажат разбирање и воведат полициски час преку целиот викенд, порачува ИВЗ во писмото, цената ќе биде губење на довербата од сите верници од исламска вероисповед, „имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избopи“.

Писмото го објави Реисот Сулејман Реџепи синоќа на Фејсбук:

„До:
– Влада на РСМ
– Главниот координативен кризен штаб
– Комисија за заразни болести

Почитувани,

Исламската Верска Заедница на РСМ секогаш била и ќе биде за тоа та се почитуваат сите препораки и мерки донесени од страна на надлежните органи за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Во овој правец бевме првите, како институција која што ги откажавме колективните молитви во верските објекти – џамиите, со единствена цел да се заштити здравјето на населението.

Како што сте информирани, Ријасот на ИВЗ, на 7 мај годинава донесе одлука за повторно отворање на џамиите за обавување на молитвите на колективен начин, почитувајќи ги сите мерки донесени од Ријасот на ИВЗ. Целата јавност, исто така и вие, сте сведоци како до последно се почитуваат сите препораки, во сите џамии во државата, со што верниците покажуваат висока дисциплина и култура, за што треба да им се заблагодариме.

Во недела (24 мај 2020) е празникот Фитер Бајрам, кој воедно е и државен празник. Истиот ден е националниот празник Св. Кирил и Методиј. Има информации дека во недела, денот кога се празнуваат овие два празници ќе има полициски час. Компарацијата помеѓу овие два празници е нелогична, бидејќи едниот е национален а другиот верски. Воведувањето на полицискиот час како што се најавува ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, нешто што автоматски ова се подразбира дека оваа намерно се прави за да не се дозволи обавување на намазот на Фитер Бајрам кој се обавува еднаш годишно, и трае само 15 минути. Додека утринскиот (сабах) намазот ќе се обавува дома. За Ваша информација, поради пандемијата, Ријасетот на ИВЗ се откажа од организирањето на традиционална централна манифестација по повод Фитер Бајрам, но нема да превзема одговорност врз себе за откажување од обавувањето на намазот на Фитер Бајрам во џамија.

Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избopи. Додека ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб за откажување намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека во текот на обавување на намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементират за обавување на дневните намази, за кои досега не сме добиле никаква забелешка од Ваша страна. Се надеваме на Вашето разбирање.

Со почит,

​Реисул-Улема на ИВЗ во РСМ
​ Х. Сулејман еф. Реџепи“

 

- Реклама -