Ивчевски четврти во Европа

Единствениот претставник од Македонија, Слободан Ивчески, во Европскиот шампионат во супермото, го освои четвртото место во генералниот пласман, со само 6 бода заостанување зад третопласираниот Сорин Траистару од Романија.

Ова претставува најголем успех за Ивчески, кој минатата сезона заврши како осми во овој шампионат.

По откажувањето на трките во Турција и Австрија, изминатиот викенд се возеше последната трка од Европскиот шампионат за оваа година, која беше одржана на познатата супермото патека во Плевен, во Бугарија. На првата трка популарниот Цобо успеа да го освои третото место, со што стана првиот Македонец кој освоил место на подиумот на трка од Европски шампионат.

927_Slobodan-Ivcheski-470-2

Втората трка ја заврши како четвртопласиран, додека неговиот најголем конкурент, Траистару заврши како 7-ми во првата и 5-ти во втората. Сепак и овој одличен настап на Ивчески на завршницата од првенството не беше доволен за ида се најде на 3-то место во генералниот пласман, со оглед на бодовната предност што ја стекна Романецот на домашната патека на отварањето на сезоната, кога успеа да заврши како втор во првата и трет во втората трка, за разлика од Ивчески кој на двете трки заврши на петтата позиција. Во текот на сезоната Цобо ја намалуваше бодовната разлика и на крајот стигна до минимални 6 бода разлика во корист на Траистару, што не беше доволно за трето место.

Како и да е, сепак ова беше одлична сезона, со постигнати одлични резултати, кои ќе останат запаметени како први во историјата на македонскиот мото спорт.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -