Иванов уште си фура „Република Македонија“

На официјалната веб страна на Претседателот на државата – Ѓорге Иванов, сè уште меѓу „Република“ и „Македонија“ нема „Северна“, и покрај тоа што денеска истекува последниот ден за промена на името на државата во Република Северна Македонија на сите дигитални записи, логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници, и медиуми кои произлегоа од Договорот од Преспа, пренесуваат медиумите.

Од кабинетот на Иванов нема објаснување зошто и дали воопшто промената ќе биде направена.

- Реклама -