Ива Матиќ има само 24 години, а веќе го завршила Електротехничкиот факултет во Скопје и моментално е дел од првата генерација питомци во Македонската пилотска школа.
Скопјанката Матиќ ќе биде првата жена пилот во рамките на Македонското воено воздухопловство, откако ќе ја заврши обуката, заедно со своите колеги, вкупно 51 на број, кои своето образование треба да го комплетираат во текот на следниве 8 години.
Овие питомци се образуваат на воениот дел од Скопскиот аеродром, во најмодерни услови, благодарение на соработката со израелските партнери.
Македонија на Израелците им плати 43 милиони евра, за леталата за обука и обучувањето на првата генерација домашно тренирани пилоти. Откако тие ќе бидат потполно оспособени, леталата ќе останат во земјава, а обуката ќе ја преземат нашите пилоти, меѓу кои е и првата жена пилот во АРМ, Ива Матиќ.