Home 365 Денес Италијанско гратче продава куќи по едно евро

Италијанско гратче продава куќи по едно евро

0
Италијанско гратче продава куќи по едно евро

Локалната власт на гратчето Сан Пјеро на Сицилија донела одлука напуштените куќи да се продаваат по ниска цена, за повторно да заживее ова ридско место.

Миграцијата, но и стареењето и смртта, го испразнија ова гратче и сега се преземаат мерки за да се спречи целосно да исчезне. Меѓу другото, купувачите ќе треба да ги обноват фасадите на куќите на автентичен начин за тој регион.

Локацијата на гратчето е атрактивна бидејќи е оддалечено само 15-тина минути возење од најблиската плажа, а во близина се наоѓа и националниот парк Неброди, со заштитена зона со планински езера и шуми.

Претходно Сицилија го направи истото и со друг град, Ганги, во 2014 година, што се покажа како успешен проект.

Во изминатите 16 години југот на Италија го напуштија 1,8 милиони луѓе, од кои половината на возраст од меѓу 15 и 34 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here