Бергамо, Италија – Напорите на муслиманско здружение некогашна болничка капела да претвори во џамија ги спречи десничарската партија Лига.
Ваквиот исход следи откако муслиманското здружение успеа да ја надмине Романската православна црква со својата понуда на аукцијата организирана од локалната болница.
Меѓутоа, на собирот во Ломбардија, лидерите на десничарската Лига најавија дека ќе ја запрат продажбата на капелата, повикувајќи се на закон од 2004 година, кој дозволува интервенирање на партиите во заштитата на културните локации во земјата.
Претседателот на Ломбардија – Атиљо Фонтана, член на Лига, на Твитер напиша дека „тој никогаш не би ставил црква на продажба“ и дека „е изненаден што болничкото раководство не сфатило колку е чувствително тоа прашање… Меѓутоа, ние ќе го искористиме нашето право на одбивање на продажбата, и нема да има простор за било каква жалба“, додаде тој.
Порано годинава, лидерот на партијата – Матео Салвини, предупреди дека „исламизацијата се заканува да преовлада во Италија, и дека како резултат на тоа италијанската историја и култура можат да бидат искоренети“.
Исламските здруженија во Италија, од друга страна, изразуваат загриженост поради ограничувањата околу изградба на објекти, наведувајќи дека е речиси невозможно да се добие дозвола за изградба на џамија.
Во Италија живеат релативно мал број муслимани. Истражувачкиот центар Pew од Вашингтон проценува дека до 2020-та ќе сочинуваат 4.9% од населението. Според нивните проценки, во 2010-та муслиманско било 3.7% од италијанското население.