Италија во полуфинале по пенали (видео)

Италија  е четвртиот полуфиналист на Европското првенство, откако на пенали ја совлада Англија со 4-2 и ќе и се спротивстави на Германија во борба за големото финале.

Според очекувањата, дуелот меѓу Италија и Англија заврши без голови, дури и по 120 минути, а по изведувањето пенали херој беше Џанлуиџи Буфон, кој го одбрани пеналот на Ешли Кол. Тој пред средбата најави, нема зошто да ги гледам Англичаните како изведуваат пенали, подобро ќе гледам порно-филмови. И беше во право. Кој си знае  – си знае.

Легендарниот италијански голман во вистински момент го одбрани ударот од 11 метри на Ешли Кол, по што Дијаманти го постигна голот што ги одведе Италијанците во полуфиналето. Претходно, Балотели беше ладен како шприцер и погоди, исто како и Џерард во првата серија, а Монтоливо не успеа да ги погоди рамките од голот и Англија беше во предност. Руни погоди за 1-2, а Пирло му покажа на Харт како се изведува „паненка“.

{youtube}LfZzC4AEor8{/youtube}

Ешли Јанг ја погоди гредата, Ночерино беше прецизен и ја доведе Италија во водство од 3-2, а Буфон го одбрани пеналот на Ешли Кол. На крајот, Дијаманти погоди за полуфинале. Среќата ги следи похрабрите и подобрите. Италијанците дефинитивно беа подобар противник во вечерашното четвртфинале, имаа иницијатива, се обидуваа да стигнат до погодок, а голот на Ночерино во продолженијата сепак не донесе радост, затоа што беше досудена офсајд позиција.

Во раниот тек од натпреварот, Даниеле де Роси го погоди дирекот од голот на Харт, но со оглед дека „аѕурите“ немаа доволно среќа во текот на играта, на крајот сето тоа им се врати при изведувањето на пеналите. Се разбира, сето ова дополнето со големото искуство на фантастичниот голман Џанлуиџи Буфон.

- Реклама -