Исус Христос е прогласен за крал на Полска, ама озбилно

isus

По гласањето во полскиот парламент во април, од неодамна Исус Христос е и официјално крунисан како крал на Полска. Можеби мислите дека пак се работи за некакви лажни вести, можеби од некои нови велешани, но не – ова е жива вистина.

Идејата потекнува од една млада калуѓерка, која во раните 1900-ти години предвидела дека на Полска ѝ претстои неизбежно уништување ако Исус не биде крунисан како нејзин крал. Идејата првично била отфлена, дури и од црковниот совет, но ете, во 21 век, во 2016-та година, на 19 ноември во Краков, конечно се случи крунисувањето. На настанот присуствуваа илјадници Полјаци, меѓу кои и претседателот Андреј Дуда и неколку министри.

Тоа што Исус сега е крал на Полска нема да смени ништо легално, но е уште еден чекор што конзервативната влада го прави кон наметнување на некои застарени идеи и морални начела врз полскиот народ, пишува полски Vice.

Следуваат фотографии од церемонијата:

jesus-christ-king-of-poland-876-117-1479922172 jesus-christ-king-of-poland-876-129-1479917999 jesus-christ-king-of-poland-876-231-1479918000 jesus-christ-king-of-poland-876-287-1479918001 jesus-christ-king-of-poland-876-645-1479917996 jesus-christ-king-of-poland-876-720-1479917993 jesus-christ-king-of-poland-876-736-1479917997 jesus-christ-king-of-poland-876-767-1479917995 jesus-christ-king-of-poland-876-body-image-1479917980

 

- Реклама -