Тим од Универзитетот на Калифорнија спроведе истражување за ќеремиди кои го прочистуваат околниот воздух, пренесоа агенциите.
Смесата од титаниум диоксид може да го распадне истото количество на загадувачки азотни оксиди како она кое што е ослободено од автомобил.
Азотните оксиди од автомобилското гориво реагираат со испарливите органски соединенија на сончева светлина и така се формира смог. Постојат и други ќерамиди со специјални облоги за прочистување на азотни оксиди. Овие, сепак, се единствените кои успеваат да се справат и со смогот.
Новите ќерамиди за прочистување на воздухот се со ефикасност 88 до 97 проценти.