ДНК-та на неандерталците објаснува зошто дел од денешните луѓе се ранобудници, заклучија група научници предводени од Џон Капра од Универзитетот во Калифорнија.
Нивното истражување покажало дека различни варијанти на гените управуваат со човековиот биолошки часовник и дека некои од нив, кои се совпаѓаат со ДНК-та на неандерталците, се поврзани со раното будење.
За да ја тестираат теоријата, тие се обратиле до британската „UK Biobank“, која чува примероци и податоци за околу половина милион луѓе. Она што откриле, како што тврдат, е дека „не само што многу луѓе ја носат оваа варијанта, туку и дека гените се поврзани со рано будење“.
„Сметаме дека раното будење е она што им помагало на нашите предци. Сме имале поголема корист од биолошки часовник кој подобро се прилагодувал на сезонските варијации на нивото на светлина“, објаснува Капра.
Според Марк Мазлин, професор на Лондонскиот универзитетски колеџ, сега имаме и „генетски доказ“ дека некои од нас навистина се ранобудници.
Модерните луѓе, инаку, споделуваат околу 4% ДНК со неандерталците и тие (гените), освен на спиењето, влијаат и на пигментацијата на кожата, косата, масноста и имунитетот.
Извор: 021.рс