Речиси секое второ дете од имигрантско потекло постигнува полоши резултати во училиште од неговите соученици, покажува студијата спроведена во 72 земји.
Уделот на деца што тешко ја совладуваат материјата – меѓу децата со имигрантско потекло, е 43%, т.е. речиси 2 и пол пати поголем отколку кај останатите деца.
Студијата, спроведена од OECD, исто така покажува и дека овие деца почесто покажуваат знаци на тешкотии поврзани со училиштето, или се чувствуваат како да не припаѓаат во тоа училиште.
Истражувањето, кофинансирано од ЕУ, а претставено во Брисел, покажува и дека учениците со странско потекло се помалку задоволни од својот вкупен живот во споредба со нивните соученици со „неимигрантски корени“.
Студијата е спроведена над повеќе од 500.000 15-годишници од 72 земји. Секој четврти имал барем еден родител роден во странство.