Пред 7 години, од моите добив мала реплика од легендарното Фолксваген комбе и со оглед на тоа дека бев тинејџер опседнат со 60-тите, тоа беше љубов на прв поглед. Стоеше на мојата полица долги години, но еден сончев ден го извадив во градината и почнав да го фотографирам. Фидбекот на Инстаграм беше навистина позитивен, па сега, во последните 5 години, продолжив да го носам тоа комбе, и многу други колички, секаде каде што патувам.
Го фатив „номадскиот вирус“. Никогаш не можам да останам во едно место и постојано барам авантури ширум мојата татковина Швајцарија и Европа, секогаш кога можам. Фотографиите со количките станаа мое мало бегство – ништо не може да се спореди со чувството на тоа кога ќе ја направам фотографијата што ја сакам.
Повеќе: Instagram