Историјата на нашиот свет сместена во 1 година

060126solar4Астрофизичарот Хајнрих Зидентопф (Heinrich Siedentopf) направи многу интересен шематски приказ на историјата на нашиот свет: хронолошки редослед на најглавните настани во текот на целата негова историја, долга приближно 5 милијарди год., “сместен” во временски интервал од само една календарска година, што на приказот му дава особено голема прегледност. Да го проследиме тој интересен приказ.

Астрофизичарот Хајнрих Зидентопф (Heinrich Siedentopf) направи многу интересен шематски приказ на историјата на нашиот свет: хронолошки редослед на најглавните настани во текот на целата негова историја, долга приближно 5 милијарди год., “сместен” во временски интервал од само една календарска година, што на приказот му дава особено голема прегледност. Да го проследиме тој интересен приказ.

ХРОНОЛОГИЈА НА НАСТАНИТЕ

060126solar41. јануари: Започна да се формира Сончевиот систем со згуснување на материјата во ротационен облак составен од ѕвездена прашина и гас, исфрлени преку супернови од претходната генерација ѕвезди. Од централниот најгуст дел ќе се формира Сонцето, а од остатокот планетскиот систем.
7. јануари: Во Сонцето започна термонуклеарен процес и тоа стана ѕвезда.
28. јануари: Завршено е формирањето на Земјата.
февруари: Земјата сè повеќе се лади.
10. март: Водената пареа во атмосферата на Земјата паѓа на нејзината површина во вид на дожд и ги исполнува вдлабнатините. Така настануваат морињата и океаните.
15. април: На некои места во топлите води на Земјата се појавува првата вегетација, лишаи и алги.
22. мај: Во атмосферата на Земјата започнува да се појавува кислород.
14. септември: Некаде во длабочините на водите се појавуваат едноклеточните организми, кои веќе се размножуваат на полов начин.
октомври: Се појавуваат многуклеточните живи организми.
2. декември: Некои живи организми се преселуваат на копното.
13. декември: Се појавиле диносаурусите.
25. декември: Диносаурусите изумреле.
31. декември, околу 17 часот по пладне: Во Африка се родила “Луси”, најстарата позната претходничка на човечкиот род.
10 минути пред полноќ: Живее неандерталецот.
52 секунди пред полноќ: Во Европа се развиле кромањонците, кои морфолошки се како современиот човек. Нивните пештерски цртежи докажуваат дека тие имале своја култура.
40 секунди пред полноќ: Старите Египќани ги градат пирамидите.
23 секунди пред полноќ: Златното доба на Античките Грци.
17 секунди пред полноќ: Според преданието се родил Исус Христос.
8 секунди пред полноќ: Започнува Средниот век.
5 секунди пред полноќ: Средниот век завршува.
3 секунди пред полноќ: Првите доселеници од Европа се населуваат во Новиот свет, Америка.
1,5 секунди пред полноќ: Започнува индустриската ера.
1/2 секунди пред полноќ: Започнува Првата светска војна.
3/8 секунди пред полноќ: Започнува Втората светска војна.
1/8 секунди пред полноќ: Астронаутот Нил Амстронг стапнал на Месечината.
1/16 секунди пред полноќ: Започнува компјутерската ера.
1/32 секунди пред полноќ: Започнува ерата на вештачка интелигенција.
1/64 секунди пред полноќ: Луѓето започнале да увидуваат дека со својата дејност, која на космичкиот часовник започнала речиси во последната секунда, драстично ја измениле еколошката рамнотежа на планетата. Никогаш и ниеден друг вид живи организми во историјата на Земјата немал такво влијание на планетата во толку мало временско растојание!

Прочитајте и:  Првиот сателит со дрвени панели лансиран во вселената

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -