Книга: Историчарка

Три приказни, три периодa, три истории. Испреплетувајќи ги приказните, ликовите и животите, легендата и историјата, романот гради комплексно дејство низ кое треба да се движите како низ лавиринт: внимателно, претпазливо, не дозволувајќи да се изгубите, зашто замките се зад секој агол.

Кога ќе стигнете до крајот на романот, иако изгледа како сè да се разјаснило, сепак ве очекува загатка. Под површината на расплетот се крие друга мисла.

Прашањето: колку е злото навистина зло, а доброто добро? Дали е светот обоен во црно-бело или е палета од нијанси кои не можат да се раздвојат? Кој е вистинскиот Влад Дракула и навистина ли е толку крволичен како што нè учат легендите и историјата? Или има и уште нешто, некоја неоткриена страна од неговата личност?

Движејќи се низ романот, низ замките и интригите, оваа книга докрај нè држи во напнатост, содржејќи ги сите елементи потребни за добра книга: одлична и докрај неизвесна приказна, до перфекционизам изградена фабула и на крајот, материјал за размислување.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Трагично и патетично“ се:

1. Здравко Цацаноски
2. Роза Б. Трпеноска
3. Тонка Митрова
Историчарка

- Реклама -