Источна Германија сѐ уште живее

Источна ГерманијаСите мислеа дека Германската Демократска Република (попозната како Источна Германија) престана да постои во 1990 година кога таа беше припоена кон Федеративна Република Германија. Но, тогаш еден новинар откри дека ГДР сѐ уште има своја територија…

Сите мислеа дека Германската Демократска Република (попозната како Источна Германија) престана да постои во 1990 година кога таа беше припоена кон Федеративна Република Германија. Но, тогаш еден новинар откри дека ГДР сѐ уште има своја територија…

Источна ГерманијаКајо Бланко де Сур е остров што се наоѓа јужно од брегот на Куба, непосредно до озлогласениот Залив на Свињите. Според официјалните податоци, тој остров е долг 15 километри, а кога е најширок, достигнува широчина од 500 метри (неофицијално, должината е 24 километри, а широчината 1 километар). Во јуни, 1972, кога Фидел Кастро го посетил Источен Берлин, тој им го подарил островот на луѓето од Германската Демократска Република, поточно на Комунистичката Партија која била на власт.

Кајо Бланко де Сур (Јужниот Пуст Остров) на кој освен игуани и ендемски растенија нема никакви други жители, бил веднаш преименуван во Кајо Ернесто Таелман (Островот на Ернст Таелман) по тогашниот лидер на Источна Германија. Амбасадорот на ГДР во Куба го посетил островот и таму поставил статуа од Ернст Таелман, која во 1998 година беше уништена од Ураганот „Мич“. Воедно, јужниот брег на островот бил преименуван во Плаја РДА (Плажата на ГДР).

Во времето кога се потпишувале спогодбите за припојување на ГДР кон ФРГ, никој не се сетил на ова територија, па така таа била исклучена и исто како никогаш да не постоела. Ефективно, Источна Германија престана да постои во 1990 година, но таа сѐ уште има своја територија.

Кајо Бланко де Сур

Кога еден германски весник ја открил оваа забуна, започнал со печатење огласи за продажба на земјиштето на островот. Штом информацијата дошла до увото на Фидел Кастро, тој дал изјава во која се вели дека подарокот на Куба за ГДР бил симболичен и дека Германците сега нема што да бараат таму. Што ќе се случи со оваа „ничија земја“, останува да видиме…

- Реклама -