Истанбул, ама на стероиди

2-43

Турчинот Ајдин Бујукташ не е по обичните фотографии. Него душата му плаче за надреализам, каков што е тој во неговиот фото-серијал „Flatland“, во кој го портретира Истанбул од неочекувани и невообичаени перспективи. Инспириран токму од истоимената книга – „Flatland: A Romance Of Many Dimensions“, тој му дава нови димензии на градот кој и онака е импресивен, но сега до степен што ти го збунува умот.

За проектот, Бујукташ вели: „Живееме во места што во најголем дел од времето не ни го привлекуваат вниманието, места што ги трансформираат нашите спомени, места на кои уметникот им дава друга димензија; каде што перцепциите што генерално ни поминуваат низ паметот ќе бидат демолирани и на нивно место ќе се издигнат нови“. Ви рековме дека е чуден, не дека не.

За да го улови Истанбул во едно вакво халуциногено светло, Бујукташ користел 3D симулација на градот, со цел да ги најде идеалните позиции за камерата, и дрон – со кој ги фотографирал различните делови од градот. „Чекањето на вистинскиот момент беше предизвик. Толку многу пати се враќав без фотографии заради лошото време, технички проблеми, птици што го напаѓаа дронот или проблеми со дозволите за летање“.

Фотошопот во фотографиите е очигледен. Макар што Бујукташ прво експериментирал и пробал рачно да ги колажира фотографиите, сепак се наклонил кон софтверот, бидејќи во спротивно не го добивал саканиот резултат. Вака, со фотографии што се прелеваат и објекти што „се виткаат“, во многу потсетува на филмот на Кристофер Нолан – „Inception“.

1-51 3-43 4-43 5-40 6-39 7-35 8-33 9-30 10-27 11-27 12-26

- Реклама -