На почетокот ми беше малку непријатно, бидејќи ме ужаснуваше помислата да бидам со постари мажи, но од три свои муштерии заработив просечна плата.
Сараевка (25), студентка од Универзитетот во Сараево, заработувала со проституција. Таа открила дека се започнало кога немала пари да запише факултет, се пожалила на пријател, кој што тогаш на шала и рекол дека лесно може да заработи пари со убавината.
Не размислувала премногу, со оглед на тоа што уписите биле во тек, а немала пари.
„Тој ми го договори и првиот муштерија, беше маж на средни години. Малку ми беше непријатно, тој беше постар. На себе си реков дека не сакам цел живот да го правам ова, само додека да завршам факултет“, раскажува девојката од Сараево.
„Студентките прават се, но за 150 евра и повторно тој нивни газда, обично некој шовинист, гледа на нив како на робови. Ако му се противат им дава отказ, а ако се согласат на секс ги нарекува со секакви погрдни имиња. Од три свои муштерии заработувам цела просечна плата.
Како што наведува, до муштериите доаѓа преку посредници. Меѓу нив, има и угледни луѓе, политичари и бизнисмени, но имиња за кои што не смее да говори. Вели дека не е единствена, има уште девојки кои на сличен начин доаѓаат до пари. Родителите и семејството, нормално, не знаат ништо за нивните работи.
Меѓутоа, како што вели таа самата, смета дека не прави ништо погрешно, наведувајќи дека проституцијата во некои земји во Европа е легална и така треба да биде и во БИХ.
„Знаете дека тоа во западни земји се прави по прописи. Сите девојки кои што се занимаваат со овој занает, редовно одат на прегледи и мораат да бидат здрави“, вели таа.