Речиси две милијарди луѓе ширум светот, користат паметни телефони, кои обично чинат неколку стотиа долари на црниот пазар.
Поранешен крадец на телефони објаснува зошто го привлекло крадењето.
Грег имал 19 години, кога полицијата го фатила, и од тогаш престанал да краде телефони. Но, пред тоа украл пет паметни апарати на кои заработил добри пари на црниот пазар, а секој телефон бил iPhone.
Овие телефони дефинитивно се најпопуларни меѓу уличните крадци, особено меѓу тинејџерите. Според официјални податоци, речиси две третини од сите крадци во Сан Франциско биле приврзани токму за овој бренд. Грег објанува за нивната популарност:
– Кога ќе ве уапсат, тоа е првата работа што ве прашуваат. „Телефон, зар не?“, се потсетува Грег, кој сега има работа и повеќе не го прави тоа.
Американската влада овој тренд на крадење токму на телефони го нарече епидемија. Секој десети сопственик на паметен телефон во некој момент бил украден, а во 2013. година била пријавена кражба на повеќе од 3 милиони телефони.
Меѓутоа, она што најмногу крадливци не го знаат е фактот дека телефоните лесно се следат. Така Грег ја заврши својата кариера на крадец кога полицијата го фати благодарение на софтвер за следење на апаратите.
Тој во мај 2013. година ја избршил својата последна кражба, која била фијаско во секоја смисла. Грег мислел дека ќе украде iPhone 5, најновиот модел во тоа време, но се испоставило дека е во прашање четворка, која вредела само 100 долари на црниот пазар.
Крадлицеот ја забележал жртвата – ситна азијатка, која стоела на тротоар и разговарала на телефонот. Меѓутоа, се предомислил пред да и пријде. Размислувал на својата деветмесечна ќерка, и не сакал да се врати во поправен дом каде порано завршил два пати. Немал работа, а на неговата мајка и бил дијагностициран рак два месеци пред кражбата.
Сепак, одлучил да тргне во акција. Го паркирал автомобилот зад аголот и заминал да разговара со девојката, го зел телефонот и веднаш побегнал. Седнал во автомобилот и веднаш тргнал на пазарот да го продаде телефонот. Меѓутоа, кога тргнал го застанала полицијата.
Имено, тие сето време го следеле со посебен софтвер. Во неговиот автомобил пронашле 100 долари, но не и телефонот што веќе бил продаден.
Повторно завршил в поправен дом, а додека седел таму две седмици, неговата мајка починала. Тоа го натерало да започне да живее вистински живот, надвор од светот на криминалот.