Бритни Спирс освен што ја подготвува својата свадба напорно работи и на проширување на сопствената линија на парфеми.
Во пресрет на сезоната пролет – лето брендот Britney Spears ќе биде збогатен за уште еден парфем. Станува збор за парфемот под името „Island Fantasy“, односно „Остров на фантазиите“ кој на пазарот ќе се појави во април.
Мирисните ноти се мешавнина од раскошни ароми на тропско овошје (мандарина, портокал, лубеница и јагоди) и романтичен букет од цветови.
Oдлично се вклопува во пролетната сончева атмосфера како и во летните прошетки на морското крајбрежје.
Во рекламната кампања се појавува самата Бритни Спирс која позира во бел бикини костум на тропски остров.