“Исламска држава” е одговорна за терористичкиот акт во Џакарта во кој што загинаа најмалку шест лица. Откако началникот на полицијата во индонезиската престолнина посочи дека сигурно зад нападите стои терористичката организација, и самата терористичка организација ја презеде одговорноста.
„Група борци на калифатот во Индонезија за цел зеде собир на крстоносната унија, која се бори против Исламска држава во Џакарта, поставувајќи неколку експлозивни направи што експлодираа, додека четворица нејзини војници нападите ги изведоа со лесно оружје и појаси со експлозиви”, се наведува во соопштението на групата.
Според началникот на месноста во Индонезија, Индонезиецот Бахрун Наим, кој е познат терорист од Сирија го планирал веќе нападот некое време.
Властите имале информации за терористичка закана на Нова Година, но најверојатно безбедносните сили го спречиле нападот.