Водата ни е неопходна и ја користиме во се поголеми количини. Ви го прикажуваме концептот мијалник + ВЦ школка на дизајнерот Јанг Вусеок кој веќе го прифатија голем број на произведувачи за елементи во бањата.
Принципот е сосема едноставен, а се заснова на фактот дека водата за чистење на ВЦ школката не мора да биде чиста како таа од славината за мијалникот. Така, со помош на едноставен механизам, искористената вода во еднаква мера се меша со чиста, и како таква се користи за миење на ВЦ школката.
Станува збор за 50% заштеда. Јанг вели дека идејата ја добил кога ги набљудувал водопадите во природата и движењето на водата во нив. Вистински еко-дизајн.