Исчистен Аквадутот од Римско, што не беше исчистен од Римско

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, одговори на барањата и прозивките, па неодамна започна и организираше акција за чистење на околината околу историски заштитениот објект од римско време, уникатната градба – Аквадуктот.

Овој значаен археолошки локалитет беше запуштен и недостапен заради бројните диви депонии. Во околината жителите фрлаат секаков вид отпад и градежен шут.

Градоначакникот Смилевски објави дека е завршено чистењето на Аквадуктот. Тој изрази благодарност до здружението на стопанственици на зоната Визбегово за нивната поддршка. Најави дека општината продолжува со чистење и средување на околината.

Прочитајте и:  Град Скопје: Изречена казна за исфрлање опасен отпад и загрозување на животната средина во Бутел, апел до Владата да реагираат на пријавите
- Реклама -