Исчезна една од најголемите современи мистерии во Австралија

Во јуни 1998 година, пилот леташе над пустината во јужна Австралија и здогледа огромен цртеж на Абориџин кој тргнал на лов. Цртежот се наоѓа на околу 60 километри западно од градот Мари. Фигурата долга 4.2 км и со периметар од 28 километри, што ја прави една од најголемите единечни геоглифи во светот.

marree man

Абориџинот е толку голем што може да се види во целосните димензии само од речиси еден километар височина. За разлика од геоглифите пронајдени низ целиот свет кои се создадени од древни цивилизации, Marree Man, како што е наречено чудото од Австралија, е создадено неодамна. Се смета дека фигурата е вметната во пејзажот пред не повеќе од 18 години. Таа е формирана од булдожер, најверојатно управуван со GPS, што според експертите  траело помеѓу четири и осум недели. Фигурата е формирана во таква тајност што нема ниту еден сведок за нејзината појава.

До денес таа останува една од најголемите нерешени современи тајни во светот.

Контурите на фигурата се со длабочина од 20-30 см и не повеќе од 35 метри широки.

Фигурата е толку убава и толку добро поставена што уметникот треба да користел компјутер, како и воздушна или сателитска слика на објектот, за да ја подготви.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Креаторите сепак направиле грешка да не ги ископаат нејзините контури доволно длабоко за да ја направат долготрајна. Сликата постепено еродираше, со тоа што во декември 2015 година веќе е невидлива на Google Earth. Теориите по повод потеклото на Marree Man се во изобилство. Некои велат дека тоа е проштален подарок од американски војници. Други сметаат дека тоа е дело на австралиската одбрана.

Друг потенцијален осомничен е Бардиус Голдберг – сликар, за кого е познато дека е заинтересиран за создавање на фигури, кои ќе се гледаат од вселената. Тој, сепак, исто така негира. Според близок негов пријател, тој дал 10 000 долари за да се создаде огромниот човек. Пред да бидат направени повеќе испитувања, сепак, уметникот умира.

Медиумите понудија фигурата да биде направена постојана преку копање на нејзините контури, но на тоа се спротивстави племето Dieri, на чии што земјишта се наоѓа таа. Откако племето се закани дека ќе преземе правни мерки за да ги спречи чартер летовите и возилата кои го посетуваат местото, локалната власт го затвори.

- Реклама -