Ирина Тошева, моден куратор на Паратисима Скопје

povik

Тимот на Паратисима има добри вести: Популарната модна дизајнерка Ирина Тошева оваа година се приклучува кон тимот на Паратисима Скопје во улога на куратор на делот за мода!

Ирина ги охрабрува сите заинтересирани:

„Можноста создадените дела да бидат видени од што поширока публика е голем плус за секој креативец. Особено кога не е само на локално ниво. Секое претставување на настан како „Паратисима“ овозможува и да се види до каде сме, на што треба повеќе да се работи, а и да се добијат многу инспирации и кураж за нови дела. Покрај уште едно искуство во сечие портфолио, тука е и можноста за учество на „Паратисима“ во Торино и дружење и запознавање луѓе од целиот свет. Ги охрабрувам сите студенти, креативци, колеги да учествуваат.

Се радувам на поканата од организаторите да бидам куратор за делот мода. Ова е нов предизвик и за мене. Ветувам убаво искуство и супер дружење. Пријави се!“

Повикот за учество на Паратисима Скопје е отворен до 30ти април. Ќе го најдете ТУКА. За повеќе информации на официјална веб страна (линк).

- Реклама -