Иранските власти објавија дека егзекутирале шпион на Мосад

Иранските власти објавија дека егзекутирале наводен израелски шпион на Мосад во затвор во Захедан, во југоисточната провинција Систан и Белучистан, јави денеска државната телевизија.

Во телевизискиот извештај се вели дека наводниот шпион имал врски со странски разузнавачки служби, вклучително и Мосад, и бил обвинет за вмешаност во објавувањето на доверливи информации.

Идентитетот на тоа лице не е соопштен.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -