Уметникот вели дека „Русите постигнуваат резултати, додека САД и нивните сојузници бомбардираат веќе една година, а не постигнуваат ништо“.
Ирачкиот сликар Михамад Карим Нихаја е еден од оние кои едвај чекаа Русија да се приклучи во борбата против Исламската држава.
Додека го завршува портретот на рускиот претседател Владимир Путин во своето ателје во центарот на Багдад, уметникот вели дека „Русите постигнуваат резултати, додека Соединетите Американски Држави и нивните сојузници бомбардираат веќе една година,а не постигнуваат ништо“.
Како многу Ирачани, и тој со големо интересирање го следи развојот на настаните во соседна Сирија каде „Исламската држава“ држи под контрола големи делови од територијата.
„Ние не сакаме меѓународна коалиција, туку само Русија. И ќе заколеме овца ако се ангажира и во Ирак“, коментира еден млад човек.
За Ирачани кои го делат неговото мислење, Москва која во последните години ги поддржуваше Дамаск и Техеран, претставува пологичен сојузник од САД, кои во текот на осум години го држат Ирак под окоупација.ж
Фотографиите од Путин се многу популарни во Ирак.
На социјалните мрежи многумина го прогласија рускиот лидер за почесен граѓанин на Ирак.
„Муслиманите не бомбардираат, а Путин које православен христијанин не брани“, вели еден продавач