IQ-то зависи од дебелината на кората на мозокот

Aмерикански научници ja открија врската меѓу дебелината на церебралниот кортекс и коефициентот на интелигенција.

Во текот на две години експертите истражувале 188 деца. Тие биле подложени на магнетна резонантна томографија и станало јасно дека колку е подебела  мозочната кора, толку повисоко е IQ-то.

Научниците откриле дека IQ-то не е постојано и зависи од промените во анатомијата на мозокот.

Причина за промената на коефициентот на интелигенција сепак сеуште не е целосно одгатната.

На неговиот развој може да влијаат други фактори како хранење и едукација, наведуваат експертите.

- Реклама -