Интернет протоколот IPv6 се појавува како наследник на IPv4 кој повеќе не успева да го задоволи енормниот раст на интернет корисници од целиот свет. Освен тоа што новиот протокол ќе има огромен број на IP адреси (на пример за сите продукти во нашите фрижидери), ќе донесе и многу подобрувања од технички аспект во споредба со неговиот претходник.
Настанот кој што ќе се одржи во Скопје ќе трае 2 дена (29 – 30.06.2011) и ќе биде воден од странски предавачи со долго искуство и придонес на ова поле. Доколку сте заинтересирани, можете да појдете и да ги размените своите искуства како и стекнете нови. Повеќе информации може да добиете на www.ipv6.mk.