Дали новиот iPhone 5 ќе има помалку ужасни слушалки? (видео)

Полека започнаа да се појавуваат сигурни информации за изгледот и перформансите на новиот телефон од Apple – iPhone 5. Покрај веројатниот изглед, речиси сигурно се знае дека новиот уред ќе има поголем дисплеј, подобрена батерија, сосема нов конектор и поинаква технологија за бежично поврзување на интернет. Но, дали Apple најпосле ќе вклучи и пристојни слушалки во пакувањето на iPhone 5?

Најновата гласина поврзана со iPhone 5 ни доаѓа од виетнамскиот сајт за технологија, Tinhte.vn. Таму беше објавен изгледот на слушалките за кои тие тврдат дека ќе бидат дел од пакувањето на iPhone 5.

Секако, секогаш постои можност да се работи за слушалки од трета компанија, кои се само наменети за iPhone и на никој начин да не се официјално поврзани со Apple. Од компанијата не споделуваат никакви детали до официјалното претставување.

{youtube}Gx5MA1tBfKY{/youtube}

- Реклама -