iPhone 6 ќе биде првиот соларен смартфон

Аналитичарот Мет Марголис тврди дека новиот смартфон на Apple ќе биде првиот уред кој ќе може да се полни преку сончева енергија, а причината за оваа неверојатна иновација лежи во употребата на сафирот за кој веќе е потврдено дека ќе биде дел од дизајнот на iPhone 6.

Причината за ова тврдење се наоѓа во повеќе патенти кои Apple успеа да ги добие од Американската комисија за патенти и трговски марки, каде сафирот има клучна улога во примената на соларната енергија. Сафирот ќе се користи за заштита на екранот, а исто така сензорот на камерата и скенерот за отпечатоци ќе бидат изработени од овој револуционерен материјал. Исто така Apple во изминатата година вработил повеќе инженери чија специјалност е токму соларната енергија.
Идејата за соларно полнење на мобилните уреди не е нова, првични тестови правеше Nokia, но Apple има голем капацитет за ваков чекор кој ќе донесе огромна функционалност за корисниците и секако ќе ги намали сметките за електрична енергија, да не говориме за можноста смартфонот постојано да биде полн, насочувајќи го само кон сонцето. Ова е дефинитивна најдобрата вест која досега сме ја чуле за iPhone 6 за која се надеваме дека ќе биде реализирана.
Teкстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk
Прочитајте и:  Zerocam - апликација за фотографии без вештачка интелигенција
- Реклама -