iPhone 5 достапен на eBay за преку 1000 долари

Лудилото по iPhone 5 штотуку достигна целосно ново ниво. Откако Apple продаде два милиони примероци на новиот телефон во само еден ден тие ја потрошија својата залиха.

Значи ако сакате iPhone 5 но не можете да чеката уште еден месец додека Apple ја обнови својата залиха, можете да си го купите својот примерок на eBay. Но само ако сте подготвени да потрошите луда сума пари.

Моделот со 64GB е понуден на eBay за околу 1.625 долари, речиси двојно повеќе од нормалната цена од 849 долари. Моделите со помалку меморија се достапни за слично напумпани цени. За 16 и 32GB меморија ќе треба да платите помеѓу 800 и 1000 долари.

Неколку луѓе веќе започнаа со наддавање за телефонот (и во моментов највисоката понуда е речиси 10.000 долари). Ако сте еден од оние луѓе кои го нарачаа iPhone 5 во петокот тогаш не само што ќе го добиете пред останатите туку и ќе можете да го продадете и да си купите два нови. Дали вие би платиле толку многу за да добиете iPhone 5 пред сите останати? [iPhone 5 selling on eBay for more than $1,000]

- Реклама -