iOS 7 успеја да го надмине бројот на надградени уреди за разлика од Андроид и со тоа го стави во сенка Android 4.2 Jelly Bean за речиси 24 часа.
Според официјалните податоци од Google, само 8.5 проценти го имаат инсталирано Android 4.2 кој е пуштен во употреба уште од Октомври 2012 година, а Apple успеа да го постигне тоа за само неколку часа. Што се однесува до Jelly Bean како целина, кој е објавен во Јули 2012 година, сепак има водство над Apple со дури 43.1 процент.
Друга истражувачка компанија наречена MixPanel, вели дека iOS 7 усвојувачката стапка била уште поголема за разлика од податоците на Chitika. Тие велат дека во 24 часа iOS 7 достигнале 35 проценти од својата мрежа, од кои 22 проценти биле достигнати во првите 10 часа по пуштањето во употреба на iOS 7.
Apple има исто такво искуство и со претходните верзии на оперативни системи, што е случајот со iOS 6 кој има освоено 93 проценти од 600 милиони корисници на iOS оперативниот систем на целиот пазар.
iOS 7 беше пуштен во употреба во Среда со што донасе она што некои го нарекуваат најголеми промени во iOS од нејзиното прво пуштање во употреба.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk