Инцидент на сцената: Енрике пееше 30 минути со исечени прсти

Енрике Иглесијас докажа дека е вистински професионалец, додека пееше дури 30 минути со силно крварење на прстите.

Како се случи тоа?

За време на концерт во Мексико, дрон пресече два од неговите  прсти. Инцидентот се случил кога Шпанецот го фатил уредот што снимал кадри од концертот, за да го сврти кон публиката.

1

Во соопштението на менаџерот на Иглесијас се наведува дека нешто не било во ред и дронот ги исекол прстите на пејачот. Откако брзо бил преврзан, на Иглесијас му било препорачано да го прекине концертот, но сепак шоуто траело уште 30 минути.

3 2

 Целосна слика – добро завршена работа од страна на Иглесијас, крвава маица, крвав завој и задоволна публика.

4

Еве и видео од настанот…

- Реклама -