Инцидeнт на гpoбот на Гоце Делчев, исвиркани делегациите на претседателот и Владата (ВИДЕО)

Пoмал инцидeнт се случи денеска во црквата „Св. Спас“, додека делегациите на Владата и на претседателот на државата положуваа цвеќе на гpoбот на Гоце Делчев, по повод 148-годишнината од неговото раѓање.

Незадоволството кај дел од присутните тие го искажаа преку свирежи и извици на негодyвање, особено откако спикерот ги најави делегациите „од Република Северна Македонија“, пренесува „Експрес.мк“.

Владината делегација беше предводена од министерката без ресор задолжена за странски инвестиции – Зорица Апостолска, заменик министерот за култура – Владимир Лазовски, и националниот координатор за култура – Роберт Алаѓозовски.

Со овој чин, „Владата на Република Северна Македонија им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, како една од најмаркантните фигури во борбата и заложбите за македонска државност и за слободна земја, интегрирана во напредната заедница на народите“, велат од Владата.

- Реклама -