Водечките маркетиншки лица прогнозираат дека во следната година
интернетот ќе го надмине радиото според бројот на реклами кои се
објавуваат.
Водечките маркетиншки лица прогнозираат дека во следната година
интернетот ќе го надмине радиото според бројот на реклами кои се
објавуваат.
Британската маркетиншка компанија „Зенитоптимедија“ тврди дека во 2008 година уделот на интернет во вкупните реклами ќе биде зголемен на 9,4% од овогодишните 8,1%, а радиските реклами ќе опаднат од 8,2 на 7,9 проценти.
Тврдењата се дека и покрај успорувањето на светската економија, се очекува зголемување на рекламирањето пред се поради претседателските избори во САД, Олимписките игри во Пекинг и ЕУРО 2008 во фудбал.
Проценките се дека потрошувачката за реклами ќе биде околу шест милијарди долари.
Земјите од Источна Европа и Азија, без Јапонија, оваа година имале водечка улога во развојот на рекламниот пазар, додека развиените држави имале само благ пораст. виа.