Институциите од ЕУ на својте официјални веб-страни противзаконски ги следат и анализираат сите посетители. Ова денес е потврдено од Брисел, каде што се разгледува легислативата за приватнност, за да може да се дефинира злоупотребата. Интернет медиумот EurActiv прв деновиве го свирна свирчето за прекршување на европските закони од страна на самите европски институции. Голем број на интернет страни користат таканаречени cookies, кој се симнуваат автоматски при самата посета на страната и собираат информации за посетителот. Во законот на ЕУ се наведува дека мора да се истакне и побара согласност за користење на ваквиот софтвер, но до сега свесно бил игнориран.
Супервизорот од Европската Заштита на Податоци, Петер Хустинкс, изјави дека подолг период се запознаени со “проблемот” и ваќе работат за пронаоѓање на решение. Хустинкс истакна дека неговата канцеларија веќе цела година не го користи овој софтвер, поради тоа што навреме сватиле дека е “несоодветно”.
Изминатиов месец во САД се дозна дека одредени институции имаат можност да ги шпионираат и прислушкуваат сите жители на САД, и на целиот свет, без дозвола на ниту еден суд. Ваквото прекршување на човековите права, покрај тоа што не се дефинира во медиумите така, има изненадувачко одобрување од страна на американското население од 56% за ваквата практика.
Покрај тоа што ни одблиску неможе да се спореди американската пракса на шпионирање со неадаптираниот софтвер на европските институции кој собира само интернет историја на посетителот, сепак се остава впечаток дека демократските избрани преставници на народот од САД и ЕУ не ги почитуваат меѓународните и човекови права.