Можеби на светските кино благајни во моментов „царуваат“ некои нови холувудски продукции, но кај нас веќе трета недела по ред неприкосновен е новиот македонски филм „До балчак“.
Режисерот Столе Попов уште еднаш докажува дека неговите филмови се обожувани од македонската публика, а неговата естетика веќе 4 децении е екстремно блиска до сензибилитетот на гледачот, а темите кои ги обработува се неверојатно актуелни иако „лоцирани“ во различни временски епохи.
„До балчак“ е дел од репертоарот на кино Милениум во термините од 20.00 и 23.00 часот.