Интересни факти за Алберт Ајнштајн

“Кога бев мал, открив дека палецот секогаш прави дупка на чорапата. Затоа престанав да носам чорапи”, има признаено Ајнштајн.

Имено, тој одбивал да биде облечен пристојно пред било кого и претерано пушел. Повеќе за него во продолжение на оваа интересна статија, со интересни факти.

Мразел игри со зборови
Освен омилен спорт – едрењето, Ајнштајн слабо стоел со каква било рекреациона активност која барала ментално напрегање. Како што изјавил во една пригода за New York Times, „Кога ќе завршам со работата, не сакам ништо што бара работа на мозокот”.

Многу тешко спелувал

Иако живеел многу години во САД и комплетно го владеел јазикот, Ајнштајн тврдел дека никогаш нема да научи да пишува aнглиски. Никогаш не го изгубил својот препознатлив германски акцент, но и својата омилена фраза „I vill a little t’ink”

 Не можел да смисли научна-фантастика

Сметал дека фантастиката може да даде погрешно научно разбирање на работите и советувал комплетна апстиненција од било каква научна фантастика.
„Никогаш не мислам на иднината. Доволно брзо доаѓа”. Исто така велел дека сите оние што тврдат дека виделе летачки чинии се лажговци.

Претерано пушел

Како доживотен член на Монтреалскиот Клуб на пушачи на луле, Ајнштајн рекол:

„Пушењето луле дава придонес на објективното гледање и судење на меѓучовечките односи”.

Во една прилика пропаднал во вода за време на некоја експедиција, но херојски успеал да го сочува своето луле.

Не бил добар музичар

Ајнштајн се одморал во својата кујна со неговата виолина, тврдоглаво обидувајќи се да импровизира некоја мелодија. Кога не му одело од рака со виолината, бил лут на Моцарт.

 Не пиел

На прес – конференцијата при неговото пристигнување во New York во 1930 година, во врска со прохибицијата има изјавено: “Јас не пијам така да за мене е исто дали е забрането или не”. Многу пати има упатувано критики до „законите кои што не можат да се применат”

Ги поистоветувал монотонија со моногамија

„Сите бракови се опасни”, има еднаш изјавено. “Бракот е неуспешен обид од некоја работа базирана на чиста случајност, да направите да трае”. Бил многу неверен како сопруг.

Памтењето му било многу слабо

Верувајќи дека родендените се само за мали деца, неговото вистинско мислење за оваа работа се гледа од писмото кое го испратил до неговата девојка Милена Мариќ. „Моја драга…. прво, мои искрени честитки за твојот роденден вчера, што го заборавив уште еднаш”

Неговата мачка патела од депресија

Пријател на животните, Ајнштајн имал мачка што станувала депресивна секогаш кога ќе заврнело. Ернст Штраус има изјавено дека во една пригода Ајнштајн и рекол на меланхоличната мачка. „Знам што е проблемот, драго пријателче, но навистина не знам како да го изгасам”

- Реклама -